Круша под круша паѓа: Каролина ја покажа харизматичната дама на која си личи ФОТО

0

„Среќен роденден my beauty“, напиша Каролина Гочева под фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“.

Таа и го честита роденденот на нејзината мајка на која навистина наликува самата пејачка.

Каролина со мајка си често патува во странство, а пред три години беа на заеднички одмор на Малта.

Кога сте јавна личност постојано сте во центарот на вниманието, а посебно приватниот живот кој постојано е на мета на медиумите.

Каролина Гочева кога станува збор за музиката секогаш има да понуди добра и квалитетна песна, но за приватниот живот не сака многу да зборува.

Таа вели дека не крие ништо од приватниот живот и дека се знае доволно и основните работи кои не можат да се сокријат.

Во интервју за „Екслузив“ таа вели дека во брачниот живот секојдневието и изгледа како на секоја нормална жена.

„Понекогаш знам да потфатам по дома, сакам да готвам. Не сум совршена, но сакам да експериментирам и сакам да правам некои работи“ вели Гочева.

Таа истакна дека иако со нејзиниот сопруг Михаил Корубин и двајцата се уметници сепак успеваат да го прилагодат времето како им одговара.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, вели пејачката.

Гочева вели дека ја прават среќна луѓето кои ги сака, а за приновата во семејството истакна дека би сакала да се реализира како мајка.

„Тоа се прашања кои така се поставуваат. Прво кога ќе се мажиш, па потоа кога ќе родите бебе. Се разбира дека би сакале и тоа да се случи, но животот самиот си ги планира работите„ вели Гочева за „Екслузив“.

За потсетување, Каролина претходната година го издаде албумот „Извор“, а обвивката за aлбумот токму ја направи нејзиниот сопруг.

Каролина неодамна го промовираше и видео записот за песната „Бели цветови“.

Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) е македонска поп-пејачка, родена во Битола, која 2 пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место.Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал “Си-До” во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната “Мамо, пушти ме”. На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера.

Стана редовен учесник на фестивалот Скопје-Фест, дебитирајќи во 1994 со песната “Кој да ти каже”. Во наредните години успешно настапуваше на Скопје-Фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната “Ма, ајде кажи ми” и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со “Украдени ноќи” и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови.

Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум “Јас имам песна”. Од овој албум излегоа хитовите “Сакај ме”, “Без оглед на се” и “Немир” која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и “За нас” која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје-фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 поени.

Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.

Претходна статијаДокторите и кажале на трудница да се откаже од две деца, за едно да преживее, но таа го послушала своето срце
Следна статијаНе можев да му помогнам да излезе од депресијата: Ми се скрши срцето, но го оставив