Докторите и кажале на трудница да се откаже од две деца, за едно да преживее, но таа го послушала своето срце

0

Додека мирно спијат, Оливер, Аурелија и Оскар се премногу мали за да бидат свесни дека еден или двајца од нив можеби не би биле тука, ако не бил инстиктот на нивната мајка.

Бебињата имале проблеми со растот во утробата и загрижените лекари ѝ предложиле на жената да се откаже од едно или две, за да му помогне на третото да преживее.

Но, нивната мајка Кејти Џонсон била решена да им даде шанса на сите три да преживеат и оставила природата да го заврши своето. Ова одлука се исплатела.

Кејти и нејзиниот сопруг добиле тројка. Иако Оливер тежел само 907гр, а неговиот идентичен близнак тежел 1кг и 800гр, неидентичната близначка Аурелија имала 1кг и 600гр.

По еден месец на сите им било дозволено да си одат дома и заедно да го поминат својот прв Божиќ. На 32-годишната Џонсон, која работи во комерцијални недвижности и живее во Лондон со сопругот Патрик ѝ било кажано во 12-тата недела од бременоста дека плацентата се дели нееднакво и тројките страдаат од ограничување во растот.

„Постоеше ризик за сите нив. Оливер беше 25 отсто помал од неговиот брат, а немаше и доволно проток на крв. Ми кажаа дека доколку Оливер умрде постои голема шанса и Оскар да умсре исто така. Но не сакавме да се откажеме од едно или две бебиња. Моравме да им дадеме шанса за опстанок.“, вели Кејти.

Меѓутоа, три недели подоцна, докторите откриле дека протокот на крв за Оливер престанал и веднаш морале да го извлечат за да го спасат неговиот живот. Тројката се родила со царски рез.

Претходна статијаОваа професија стана неверојатно профитабилна – Милан заработува 36.000 евра месечно
Следна статијаКруша под круша паѓа: Каролина ја покажа харизматичната дама на која си личи ФОТО