Драгана Мирковиќ конечно се огласи по незгодната средба со Цеца: Издржав и полошо, па ќе го издржам и ова

0

Драгана Мирковиќ денеска се огласи на својот инстаграм профил прв пат по среќавањето со Цеца Ражнатович во ходникот на РТС телевизија, а нејзината изјава била во контекст против Цеца која ја опишала како љубоморна и злонамерна жена која со години и префрлала и ја прозивала нејзе и нејзината фамилија.

Изгледа дека оваа изјава и’ го скршила срцето на Мирковиќ, која се огласи на својот инстаграм-профил.

Драги мои, ако произлезе нешто добро од целава оваа мачна ситуација е тоа што сфатив колку имам љубов и поддршка. Им благодарам на сите обожаватели и колеги на големата поддршка која ми значи бескрајно во оваа, за мене, несфатливо тешка ситуација. Ви благодарам на сите што ми се јавивте и ми пишувавте, ме трогнавте. Се чувствувам подобро, а ќе бидам и одлично бидејќи знам дека зад себе имам армија искрени пријатели. А што се однесува до преостанатото, издржав и полошо, па ќе го издржам и ова.

Ве сакам!

Таа им се заблагодари на сите пријатели, фанови кои беа загрижени за нејзината состојба и порача дека има изджено и полоши ситуации од оваа.

Светлана Цеца Ражнатовиќ во кругот на своето семејство и пријатели ја одбележа семејната слава Свети Никола, а во изјава за српските медиуми открила дека со задоволство ќе им запее на гостите.

Од друга страна, истакнала и дека се уште е под впечаток од средбата со Драгана Мирковиќ, која ја потресе естрадата,па истата решила да ја прокоментира.

Вие имавте можност да ја слушнете снимката. Јас слабо слушам, бев на поминување, се враќав од снимање. Таа седеше покрај мојата гардароба, морав да поминам од таму. Искрено кога некој со години ве коментира во лош контекст, дирктно и на лош начин, коментира за моето семејство, за мојата кариерата – не очекувате ни да ви се јави. Таа тоа го направи, видовте со кој тон, и со истиот тон и беше возвратено без некои лоши намери, јас не сум таква личност”, рекла пејачката.

„Јас имам многу пријатели на естрадата, а за две личности јавно можам да кажам дека ми се љубоморни За две личности можам да кажам лошите работи што ги зборуваат замене е само од љубомора, бидејќи не знам кои се причините, на никој немам направено ништо лошо, ја секого можам да погледнам во очи. Тоа е се што можам да кажам за темата Драгана Мирковиќ и тука ја завршуваме приказната“, изјави Цеца.

Никој неможе на никого да му подари кариера ниту да биде виновен за неуспех на истата. Јас на дотичната колешка и посакувам се најдобро, никогаш за никого не сум рекла лошо ниту имам потреба за тоа. Од срце и посакувам да сними хит и да најде мир во 2019 година”, додала Цеца.

Претходна статијаАндреана Цекиќ открива зошто ќерката на Дарко Лазиќ не го гледа својот татко
Следна статијаНе заборавајте вечерва да замислите желба за време на последната полна месечина во 2018 година