Здравствената состојба на Дарко Лазиќ е се подобра. Иако пред еден месец, пејачот доживеа тешка сообраќајна несреќа Лазиќ полека оздравува во бања. Неколку дена по првата електротерапија Дарко успеал да застане на нозе со помош на патерици.
„Дарко може да стои на нозе. Вежба на стабилноста и рамнотежата во стоечка положба, таа положба од седење во стоење треба да биде безбедна и сигурна, да не дојде до паѓање или нестабилност. Интезивно се работи на тоа. Може да стои неколку минути.
Мора да кажам дека вежба на кревет за терапија. Движењето е многу комплицирана работа, има многу механизми во прашање и вклучени се повеќе мускули. За да има сила за шетање, мора да ги зајакне мускулите на рацете грбот и останатите мускули„ вели за „Блиц“, Милош Полексиќ, докторот на пејачот. Здравствената состојба на Дарко Лазиќ е многу подобра по пристигнувањето во бањата. Инаку, имунитетот на пејачот се уште е слаб.
„На Дарко му е извадена слезината и неговиот имунолошки стем се уште е чувствителен. Го советувавме да јаде овошје, банани, портокали, мандарини,да јаде зеленчук“ вели докторот на пејачот. Видеото погледнете го овде.