Се омажив – свекорот го имаше главниот збор, не можев да истрпам

0

Пораснав како градска девојка. За време на своето студирање се вљубив во момче од село.

Неколку години се забавувавме, а потоа и се венчавме, онака како доликува, по старите ( селски) обичаи.

-Не сакав да живеам во село и крај на приказната. Не е проблем работата во шталата и на нивата, проблемот беше во тоа, што жената таму не се прашуваше за ништо. Тоа небеше така во семејството од каде што потекнував. Се беше различно. Не сакав да живеам по правилата кои ми ги наметнуваа свекорот и свекрвата.

Таа сепак одлучила да се раведе и да побегне од селото, бидејќи како раскажува тоа не било место за неа. Таа вели, дека на тоа време во многу македонски села, имало само момчиња, сами, неженети, бидејќи ниту една девојка не сака да трпи нечии заповеди.

-Во моментот кога се омажив сметав дека одлуката да живеам во село е исправна. Пред да се земеме неколку пати одев таму, се ми изгледаше во ред. Тие ми изгледаа добри луѓе, домаќини. Убаво ме прифатија, но на крај ништо не беша така како што замислував.

Уште вториот ден, после венчавката таа добила работни обврски во домот. Како што вели, на почетокот било интересно, се додека тоа не и станало секојдневие.

-Да не ме сфатите погрешно, работев се и сешто, иако бев градско дете. Ништо не ми беше тешко. Можеби не знаев како се молзат кравите, но за кратко научив. Со текот на времето започна да ме нервира начинот на живеење во село. Мојот сопруг не се прашуваше за ништо, а уште помалку јас. СвеКорот го имаше главниот збор.

Еден ден кога спомнав дека сакам да најдам работа за да можам да излезам од домот, свекорот за малку ќе добиеше мозочен удир. Започна да виа на мене, дека не смеам да одам никаде, туку ќе седам таму и ќе работам така како тој што ќе каже, и без да ми слушне глас за понатаму.

Веднаш се заклучила во соба плачејќи. Најтешко и паднало што сопругот не ја подржал. Две години подоцна поднела барање за развод.

-Едноставно не можев да истрпам, бев како слугинка. Неговата мајка ги вршеше сите обврски околу стоката, едвај стоеше на нозе жената. Никој не ја почитуваше, исто како и мене. Ме советуваше да молчам, бидејќи сум жена и немам право на збор. Тоа ме лутеше уште повеќе, додава таа, потсетувајќи се на тие денови.

Кога таа на родителите им соопштила за својата одлука, за жал не добила поддршка и разбирање.

-Семејството на мојот поранешен сопруг е богато, но залудно кога не знаат да живеат. Морав да го молам за секој денар. Моите родители беа против тоа да се разведам, но јас бев одлучна. Се вратив назад. Се вработив тука. Запознав ново момче. Се омажив. Во брак сум сега 20 години. Имам убав живот. Секогаш ги советувам моите две ќерки да отвараат очи, да гледаат каде ќе одат.

Претходна статијаДевојки, ич не се мислете дали да одите во САД, јас се двоумев ради дечкото, но згрешив
Следна статијаДарко Лазиќ во инвалидска количка даде прва изјава за новинарите (ВИДЕО)