Дарко Лазиќ на неколку часа го напуштил рехабилитациониот центар во Младеновац, како би ги завршил дополнителните прегледи во болница во Бањица, а како што се дознава, состојбата на неговот десно стапало се влошила, поради што трпи неверојатни болки.
Дарко по доаѓањето во Центарот успешно закрепнува од повредите, а десното стапало, кое било во лоша состојба решиле да го лекуваат со физикална терапија, струја, магнети и радио бранови.
Сепак, терапијата не ги дала саканите резултати и тој почнал да се жали на неиздржливи болки. Со оглед на тоа дека стапалото не сраснало како што треба, лекарите треба да решат дали ќе го оперираат – вели извор близок на пејачот.
Сепак, Дарко е весел и не е паднат со духот. Трпи болки, но верува дека се ќе биде во ред и дека нема причина да се грижи. Од друга страна, неговите се плашат дека доколку не иде се по план, Дарко засекогаш ќе мора да користи штаки или количка.