Кумата на познатиот српски пеач Дарко Лазиќ, Андреана Цекиќ смета дека неговата ќерка Лорена овие денови не би требало да го посетува својот татко, но и објасни зашто тоа таа го мисли.
– Детето има четири години и не треба да го гледа својот татко додека тој не застане на свои нозе. Не треба да добие впечаток дека тој е повреден, – изјавила Андреана Цекиќ која е кума на Дарко Лазиќ од прдходниот брак со Ана Севиќ.
– Ставете се во кожа на детето од четири години кое треба да го види својот татко во инавалидска количка и да свати дека тој е повреден. Лорена е мала и не треба да доживува трауми поради тие работи, – истакнала кумата на Дарко.
– Сите поминавме низ пеколот поради незгодата, јас сум и емотивно поврзана со него па и сега ми доаѓа да заплакам. Го посетив во бањата, и му однестов новогодишна елка за да не ја прекинеме традицијата со сликање пред елка за време на празниците, – додала Андреана.
Да потсетиме Дарко во октомври доживеа тешка сообраќајна незгода, и од тогаш е сместен во болница. Моментално се наоѓа во бања во Младеновац, а опоравувањето иде по план.
Српската пејачка Андријана Цекиќ се разведе по две години брак од сопругот, а ако се верува на чаршиските муабети, таа не можела да го трпи неговото допишување со други девојки, меѓу кои и Душица Грабовиќ, нејзината колешка.
Откако Андријана дознала дека тој ипишува на Душица, иако таа не му одговарала, таа капка ја прелила чашата и решила да стави точка на бракот.
Парот ги потпиша документите за развод.
Кумата на Дарко Лазиќ, Андреана Чекиќ која пред две годни се омажи за долгогодишното момче Иван Младеновиќ пред две недели сподели тажни вести.
Имено, на својот Фејсбук таа сподели дека се разведува од сопругот после толку години заеднички живот.
„Како да им објаснам на јавноста дека се разведувам, но дека сме добри пријатели и колеги? Драги пријатели, медиуми и соработници. Овојпат сакам да ве информирам, како и секогаш кога има нешто да кажам, Иван и јас пред се имаме долгогодишна професионална соработка, која нема да се прекине по разводот бидејќи и двајцата сме свесни дека сме одличен тим.
Кога ќе погледнеме околу себе и двајцата сме среќни и горди, а што е најважно, двајцата сме пријатели, а тоа е најдобриот облик на љубов. Одлучивме да не даваме изјави.