Ана Михајловски храбро: Жените стануваат се посилни од мажите, и физички и психички

0

Познатата водителка од Србија, Ана Михајловски, која е мајка на три деца, а зад себе има два развода на својот профил на Инстаграм објави емотивен текст во кој меѓу другото се вели:

Жените стануваат се посилни од мажите, и физички и психички. Светот доживеа многу трагедии, но според мое мислење најголемата трагедија од сите е моменталната економска ситуација во која жените против мажите, во многу случаи успеваат да го узурпираат нивното местото во професиите и индустријата.

Оваа растечка тенденција жените да ја прикријат женственоста е знак на цивилизација во пропаѓање “. Не, тоа не го кажав јас, но Тесла во 1924 година. И Тесла е секогаш во право. Жените ја засенија машкоста, но не сум сигурна дека цивилизацијата пропадна, барем не поради тоа.

Денес ситуацијата не е многу поинаква отколку во 1924 година, единствено што тоа не е политички коректно да се каже така.

Како што Тесла се откажа од жените, меѓу другото, за да се посвети исклучиво на научната работа, така и некои дами се одлучија за истиот чекор.. Кондолиза Рајс, Грета Гарбо, Опра Винфри, Џејн Остин, Харпер Ли, Тајра Бенкс .. Па, се чини дека не сакале маж да влијае врз нивната креативност, образование, деловен живот, или едноставно тој некој не можел да се избори со она што се тие.

Многу големи научници, уметници од машки род се залагаа за теоријата дека жените и бракот ја убиваат креативноста .. Па драги господа ни нам не ни цветаат ружи со вас, па затоа подгответе се за уште многу стари моми, и немој да се изненадите кога ќе ги узурпираат вашите работни места.

Претходна статијаНема да ви се верува која позната пејачка е сестра на Сека Алексиќ (фото/видео)
Следна статијаПутин ја воодушеви нацијата – првиот човек на Русија ја исполни големата желба на едно детенце