Александра Накова проговори по разводот со Никола Гајдаџиев

0

Александра Накова која откако стана мајка се повлече од јавноста и се посвети на малата Леа веќе извесен период живее во родната Гевгелија заедно со семејството.

Непосредно по породувањето се раздели од сопругот, екскошаркарот Никола Гајдаџиев, но за „Убавина и здравје“ откри дека со оглед на фактот што старателството над малата наследничка им е поделено и двајцата се трудат да имаат нормална комуникација.

Се разделивме, но имаме нормална комуникација и разговараме за се што е потребно околу Леа.

Таа е во центарот на нашето внимание, рече поранешната манекенка која додаде дека воопшто не и недостасуваат сликањата и пистите, туку напротив, ужива во мирниот начин на живот кој што го води.

Порано излегував многу, сега не. Тука во Гевгелија и нема многу места за излегување, а и не ми недостасува тој хаос. Се навикнав на мирен начин на живот, а кога сакам да се опуштам патувам надвор од Македонија, објасни Накова.

Извор: Убавина и здравје.мк

Претходна статијаЗаминав да скијам во Банскo, ама ова Македонците ми уништија се – како снег да не виделе
Следна статијаСаша Поповиќ ја избрка од Гранд оваа пејачка поради деколтето – таа конечно се огласи