Зоки “Фаци” до Бекстејџ: Дунавка ве вози сите и си добива минутажа, целта е постигната

Последното гостување на Дунавка Трифуновска во Бекстејџ и нејзиното напуштање на емисијата, предизвика низа коментари на социјалните мрежи, од кои повеќето се негативни.

Не е првпат Дунавка со своите јавни настапи да предизвикува скандали,а потоа со денови да се коментираат нејзините јавни настапи. Исто така, не е непознато дека јавните личности ширум светот, понекогаш самите предизвикуваат “ситуации”, за кои потоа со денови се дебатира, а нив ги има на насловните страници.

За ова потсети и познатиот водител Зоран “Фаци” Василевски, во коментар на постот на “Бекстејџ”:

“Дунавка ве вози сите, филмот и е одличен, а вие дремете пред телевизор. Целта е постигната, таа си добива минутажа, а што е со вас? Убаво ви објасни, СИВИЛО”

Loading...