Србите тврдат: Груевски избегал преку Тирана и тоа со авион

0

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски со лажен пасош ја преминал македонско албанската граница и нелегално стигнал до Тирана, пишува белградска Политика.

Според спрскиот весник, Груевски во Тирана бил пречекан од вработени во унгарската амбасада кои со првиот лет на „Малев“ го префрлиле во Будимпешта. Политика тврди дека членовите на екипажот немале поим кој бил „човекот со шешир и очила за сонце“ кои не ги симнал од главата во текот на целиот лет.

Весникот не открива како ги добил овие информации, но прашува како било можно, поранешниот премиер, кој сигурно бил под 24 часовен надзор од полицијата, неприметно да ја премине македонско албанската граница со одземен пасош.

Политика заклучува дека или некој потфрлил во македонските и албанските безбедносни служби или „големиот брат“ од другата страна на Атлантикот одлучил да го тргне Груевски во Унгарија, како џокер, доколку сегашниот премиер Зоран Заев не се однесува конструктивно како што посакуваат Вашингтон и Тирана.

Извор:Телма

Претходна статијаЗоки “Фаци” до Бекстејџ: Дунавка ве вози сите и си добива минутажа, целта е постигната
Следна статијаСе огласи Бугарското Министерство за правда околу информациите дека Никола Груевски имал БГ пасош