Во вакво издание Цеца никогаш не сте ја виделе – во проѕирна облека ги изненади фановите

0

Познатата балканска мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ вчера имаше настап во Виена, а фановите ги почести со својата најнова трансформација со која се појави на сцената.

Имено Цеца се појавила во сосема провидна кошула под која носела градник во крем боја, а косата и била сосема поразлична од било кога.

Станува збор за плетенка со која пејачката не е видена никогаш порано.

Фотографиите со голема брзина се проширија на социјалните мрежи, а фановите се воодушевија од овој сосема нов нејзин изглед, погледнете.

Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што вели и самата има посебна причина. Сепак, фолк пејачката во интервју за „Бекстејџ“ конечно реши да прозбори за оваа тема и како што рекла, моментално е задоволна од својот живот.

„Не сакам за нешто толку интимно да се зборува и да се пишува. Доволно е јавноста да знае дека сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го организирала онака како што ми годи”, потенцирала Цеца.

Иако во последното видео за дуетската „Лажов ноторни”, која ја сними со Саша Матиќ, публиката ја виде во венчаница, таа вели дека се мали шансите во реалноста такво нешто да се случи.

„Се омажив еднаш од љубов и родив две деца. Не велам дека од трагичниот крај на тој брак цело време сум била сама, имаше некои врски и комбинации, но никогаш не сум размислувала да се омажам за некој од тие мажи. Не постои таков кој може да го замени Аркан”, заклучила Ражнатовиќ.

Претходна статијаСтефанова: Јанакиески и Божиновски на ист начин како Груевски се спремале да избегаат
Следна статијаФрчкоски: МВР е неспособно, ова нема да заврши на добро