Влатко Стефановски емотивно се отвори: Се обидувам преку музиката да се спасам

0

Култното музичко име, Влатко Стефановски по повод својот актуелен албум, „Мајчин јазик“ кој лани го издаде „Кроација рекордс“ даде интервју за „Женскимагазин“ во кое проговори и за трагедија што му се случи.

* Лани се соочивте со голема семејна трагедија, ја загубивте вашата сопруга Гордана. Како се боревте во тие тешки моменти, како сте сега?

– Изминатиов период ми беше многу тежок на приватен план. Исклучително тежок. Пред неполни две години син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно, и со тоа се занимававме подолго време. За жал, ланитри почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години.

Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми.

Има ли желба и сила во скоро време повторно да се реобединат „Леб и сол“ на концерти, како во 2006 година?

– „Леб и сол“ е голема приказна, и има оставено многу. 25 години работа и многу значајни парчиња музика. И тоа е се океј. Меѓутоа, во моментов навистина сум преокупиран со други работи. На сите им посакувам среќа, добро здравје, и инспирација на креираат музика и понатаму. Не сакам децидно да тврдам: не, не тоа е невозможно, додека сме сите живи и здрави се е можно. Но, во моментов, за собирање на бендот практично таква идеа јас немам.

Претходна статијаДарко Лазиќ и од болнички кревет ги изненади родителите кои сега се во уште поголем проблем
Следна статијаПо Дарко Лазиќ, уште една ѕвезда на „Гранд“ со сообраќајна несреќа