По Дарко Лазиќ, уште една ѕвезда на „Гранд“ со сообраќајна несреќа

Ѕвездата на Гранд, Тамара Милутиновиќ доживеала сообраќајна несреќа. Ова доаѓа по само две седмици откако по сообраќајка беше тешко повреден Дарко Лазиќ кој се уште е во болница

За среќа, Тамара поминала без посериозни проблеми, па таа дури и по немилиот настан се пошегувала на своја сметка и докажала дека не и пречат шегите кои по интернетот кружат за неа.

-Ми се случи сообраќајна несреќа. Човек ме удри на раскрсница. Јас излегов од автомобилот со ова овошје на глава во црвен фустан и ми пријде една жена целата исплашена па ме праша:

„Дали си добро, да не ти фали некоја банана?“, изјави Тамара за тамошните српски медиуми. Инаку кога сме кај Милутиновиќ вреди да се потенцира дека таа е поранешна членка на групата „Ѓаволици“.

Loading...