За време на Новогодишните празници, Елена Велевска ќе оствари турнеја во Америка, каде што ќе остане скоро месец и пол. Во месец февруари, Елена повторно ќе настапува во Диско Палма-Швајцарија, заедно со Сузана Гавазова.Новогодишните празници ќе ги помине работно, но надвор од границите на нашата земја. Фолк дивата Елена Велевска после 5 години, повторно ќе настапува пред нашинците во Америка.
-Следниов период заминувам на турнеја во Америка по повод Новогодишните празници на крајот на месец Декември пред Нова година. Годинава после 5 години ќе се дружиме и ќе ја чекаме 2019-та година со македонците во Америка. Ќе пееме заедно и многу ми е драго што после 5 години ќе се видиме и ќе направиме една средба која што е долгоочекувана, бидејќи навистина години се во прашање.-истакна Велевска, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Елена сеуште не знаеше да ни открие колку точни концерти ќе има, но најавува настапи низ повеќе градови, се разбира каде што ги има нашите македонци.
-Не сум сигурна колку точно концерти се во прашање, но ќе останам пет недели. Ќе посетиме повеќе градови, Њу Џерси, Чикаго, Детроит, Индијана, така да многу настапи се закажани. Не ги знам точно термините бидејќи агендата е набиена и сега немам визија што треба да кажам околу настапите за Нова година.-додава познатата пејачка при интервјуто за ИН ТВ.