Маја Вукичевиќ: Мајките никогаш не ги оставаат на раат своите деца

Поп пејачката Маја Вукечивиќ, горда на својот син кој дипломираше, сподели статус на социјалните мрежи:

“Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки… Летна времето… Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист.

Loading...

Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години… има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех…

Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое и запомни парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да и дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно.
п.с Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца… Sorry”