Тони Зен проговори за својата голема пасија и потврди дека поради тоа бегал од часови

0

Тони Зен, познатиот македонски рапер како дете учел во ОУ„ Ѓорѓија Пулевски“ кое се наоѓа во населбата Аеродром во Скопје и како што откри во едно интервју како тинејџер обожавал да игра кошарка.

„Во основно постојано играв кошарка, затоа и по завршување на средното образование се запишавна Факултетот за физичка култура. Да не се повредев веројатно ќе продолжев да се занимавам со спорт. Денес одвреме-навреме играм кошарка, но најмногу скијам и планинарам“, изјави тогаш Тони.

Исто така тој се потсети на успешните денови поминати на училиште и на периодот кога активно се занимавал со кошарката.

„Со нетрпение чекав да дојде часот по физичко, играв кошарка за училиштето и ние спортистите бевме привилегирани, можевме да си заминеме од час и да одиме на тренинзи. Најчесто си одевме од 5. и 6. час за да имаме повеќе време за игра. За да играм кошарка, еднаш од училница бегав низ прозорец, ме фатија и повеќе не ми се повтори тоа“, се сеќава Тони.

Претходна статија(ВИДЕО) Албанскиот премиер ја пцуеше Србија: Еди Рама дрско и недолично
Следна статијаГо закопале со 60.000 долари: Тоа самиот го побарал за да го подмити Бога за своите гревови