(ВИДЕО) Албанскиот премиер ја пцуеше Србија: Еди Рама дрско и недолично

0

Еди Рама – премиерот на Албанија по заедничката седница на неговата Влада и онаа на Косово во град Пеќ, упати дрски и вулгарни зборови до Србија, обвинувајќи ја за наводни опструкции кои што ги прави за Приштина

Рама во неколку наврати, во моменти на неговиот говор ја опцу Србија, затоа што српски министер побарал на некоја меѓународна конференција Рама да го исфрли од говорот зборот република пред Косово.

,,What the f*ck”-рече Рама, а во продолжение нагласи:

„Косово се покажа апсолутно подготвено да ја игра својата меѓународно улога, но Белград никогаш не бил јасен и искрен во Бриселскиот дијалог. Косово е најкомплетната приказна за мир, разбирање за малцинството и соработката“.

 

Претходна статијаЦиклон се движи кон Македонија: Следуваат обилни врнежи, грмежи и снег
Следна статијаТони Зен проговори за својата голема пасија и потврди дека поради тоа бегал од часови