Кумата на Дарко Лазиќ, Андреана Чекиќ која пред две годни се омажи за долгогодишното момче Иван Младеновиќ сега сподели тажни вести. Имено, на својот Фејсбук таа сподели дека се разведува од сопругот после толку години заеднички живот.
„Како да им објаснам на јавноста дека се разведувам, но дека сме добри пријатели и колеги? Драги пријатели, медиуми и соработници. Овојпат сакам да ве информирам, како и секогаш кога има нешто да кажам, Иван и јас пред се имаме долгогодишна професионална соработка, која нема да се прекине по разводот бидејќи и двајцата сме свесни дека сме одличен тим.
Кога ќе погледнеме околу себе и двајцата сме среќни и горди, а што е најважно, двајцата сме пријатели, а тоа е најдобриот облик на љубов. Одлучивме да не даваме изјави. Ова отворено писмо важи како единствено јавно соопштение и ги замолувам сите медиуми да го почитуваат“ напиша Андреана Чекиќ.