Ване Цветанов: Ако Сашо Мијалков влезе во притвор, 18 пратеници ќе гласаат за Уставни измени

0

Цветанов, пред неколку години влезе во директен конфликт со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која пак го постави на директорската фотелја. Тој во знак на револт си поднесе оставка и во јавноста излезе со тешки обвинувања дека има досие за криминални скандали, за кои обвинителството, наместо да ги процесуира, замижувало.

Тогаш соопшти дека за сознанијата што ги добил како директор го известил и премиерот, но наводно и тој не бил заинтересиран.

Екс директор на Агенцијата за спречување на перење на пари, Ване Цветанов се огласи на фејсбук и постави неколку прашања до власта.

Досега ме етикетираат како безрезервен подржувач на власта.

Но не е така.

Бев и останувам борец за правда, вљубен во нашата Македонија!

Еве да поставам едно отворено прашање до врвот на власта:

Зошто Сашо Мијалков се фалел дека ќе стане уште посилен фактор после декември? Дека пак, тој ќе одлучувал кој ќе се апси?

Ако Сашо е влогот и гарантот за тие 8 гласа во собранието, еве моја информација по стоти пат бесплатна, до власта…

Мениците од пратениците на ДПМНЕ се кај Сашо а не кај Грујо.

Јас имам збор од 18 пратеници од ДПМНЕ, дека од срце и љубов кон Македонија ќе гласаат за Уставни промени, ако го видат Мијалков во притвор! Потребна е само храброст и одлучност!

Ценам дека не гниевме џабе по притвори, не преживеавме трауми и гладувања, и не ризикувавме животи за идеалот, Сашо Мијалков да стане кобајаги главен фактор за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Мијалков и Хари Костов сеуште управуваат со Македонија. УБК, МВР, но и целата македонска економија, сосе нашите животи и хипотеки во банките и кај извршителите, сеуште се под нивна контрола.

Тоа е суровата реалност. Сашо и Хари, заедно со Б.Ц и Љубчо, сеуште одлучуваат за се во оваа држава. Се останато е фарса.

Со овие господари на нашето минато, и креатори на нашата сегашност сосе иднината, не е возможно НИТУ ПРАВДА НИТУ МИР!

За време на емитувањето на бомбите, тогашниот Лидер на опозицијата а сегашен Премиер, ги завршуваше пресовите со една реченица која до денес ѕвони во моите уши:

“Ова зло да не се повтори!”

Злото се повторува секој ден!

Сашо и Хари до ден денес сеуште креираат судбини и се главни јавачи на апокалипсата во Македонија. До кога?

Ова не е само истакнување на проблем. Има и решение за истиот, ако се има воља и ако има кој да сослуша… И секако ако преживееме до тогаш.

Во оваа држава има поголема грижа за кучињата скитници отколку за жртвите на режимот. Гиневме и ќе гинеме за демократска Македонија, иако нашиот број се намалува заради иселувања и висок степен на смртност.

Но додека дишеме, подготвени сме да даваме придонес за оваа држава.

Доколку некој ни дозволи секако…

Бидејки од сегашното раководство на УБК, (блиско до Мијалков и Хари) сме третирани како отпадници.
И покрај се што поминавме и поминуваме ние остануваме на страната на правдата и правичноста!

Макединија ни е пред и над СЕ!

#НемаПравдаНемаМир!

Претходна статијаПо Дарко Лазиќ, се разведува и неговата кума (ФОТО)
Следна статијаКоја била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски?