Се огласи Бугарското Министерство за правда околу информациите дека Никола Груевски имал БГ пасош

0

По најновите информации на Балканските медиуми дека Никола Груевски избегал од Македонија и патувал со Бугарски пасош, со своја реакција се јави Бугарското Министерство за правда:

“Никола Груевски не е бугарски граѓанин и не доставил документи за бугарско државјанство.”

Ова го објавуваат од бугарското Министерство за правосудство во врска со шпекулациите дека Никола Груевски патувал со бугарски пасош. Според податоците на Бугарското МВР, Груевски нема побарано бугарски пасош, велат од бугарското министерство за правосудство.

Пред неколку денови, поранешниот Македонски Премиер ја напушти државата и побара азил во Унгарија. Тој беше правосилно осуден за случајот “Тенк” и требаше да почне со отслужување на казната затвор, пренесува БГНЕС.

Претходна статијаСрбите тврдат: Груевски избегал преку Тирана и тоа со авион
Следна статија(ВИДЕО) Вељко клекнат на колена ја запроси Богдана, Цеца напиша: Нека ви е со среќа гулапчиња