Росана без Коки го прослави роденденот

0

Росана Јанков, портпаролката на АМСМ, го прослави својот 34. роденден без сопругот, виолинистот Никола Јанков- Коки. Росана на своите Фејсбук и Инстаграм профили објави фотографии од неа и од ќерката на заеднички ручек.

Во септември, медиумите објавија дека по десет години брак, Коки, кој беше дел од дуото Дуле и Коки и неговата сопруга се разведуваат. За Женски магазин, тогаш Росана не ги негираше, ниту ги потврди гласините дека на бракот со Коки му доаѓа крајот.

„ За мојот приватен живот, немам коментар. За сите мои професионални ангажмани ви стојам на располагање“, ни изјави Росана пред два месеци. На многу од јавните настани на кои портпаролката присуствува, таа доаѓа сама, без сопругот. И Коки на музички промоции и на концерти, исто така се појавува во друштво на пријатели.

Таа и Коки се запознале пред 17 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Коки со покојниот колега Дуле, гостувал во емисијата „Утринско огледало“.

Извор: Женски магазин

Претходна статијаВо четврток е голем христијански празник – во очи овој ден се седи дома
Следна статијаРаботниот ден се намалува на 6 часа: Луѓето да имаат повеќе време за семејството и приватниот живот