Преубавата Македонка Катерина најдобра на избор за Мис во Турција

0

Македонскиот модел Катерина Ничовска освои титула на изборот за убавина наречен кралица на Евроазија, кој се одржа во Анталија, Турција. Катерина ја освои наградата за најдобар национален костум.

„ Изборот се одржа во прекрасниот Калисата ресорт во Белек, Анталија, каде што учесничките претстојуваа 10 дена, подготвувајќи се за големото финале“, вели модниот менаџер Мики Црнокрак.

Новата Кралица на Евроазија е претставничката на Молдавија, а круната и ја предаде минатогодишната победничка, нашата Сандра Стефановска.

И Сандра и Катерина се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

Претходна статијаПобедникот на „Ѕвездите на гранд“ исчезна од јавноста – причините прекрасни
Следна статија(ФОТО) Претседателот Иванов имаше средба и краток разговор со Трамп и Путин