(ФОТО) Претседателот Иванов имаше средба и краток разговор со Трамп и Путин

0

Претседателот Иванов и сопругата, Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде ќе се одржи централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претседателот и сопругата се сликаа со светските лидери во Елисејската палата, меѓу кои претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателот на Русија, Владимир Путин, и со германската канцеларка, Ангела Меркел.

Македонскиот претседател, на покана на Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Париз присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претходна статијаПреубавата Македонка Катерина најдобра на избор за Мис во Турција
Следна статијаДенес судот ја продолжува потрагата по Груевски – МВР нема да се меша се додека не добијат барање за асистенција