Песимистичка прогноза за иднината на Дарко Лазиќ

Изминатава недела медиумите се преплавени со информации за состојбата на Дарко Лазиќ. Најновите вести од претходните два дена кажуваа дека го разбудиле од кома и бил контактибилен. Сепак, официјална потврда за овие наводи не стигна.

Тој се опоравува од тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа пред недела дена. Лекарите кои велат дека имал голема среќа што воопшто останал жив и сега не се премногу оптимистични.

Поради повредите со кои се здобил пејачот, потрес на мозокот, сериозно оштетување на р’бетот, пробиено белодробно крило, оштетување на бубрегот, девет скршени ребра, скршена бутна коска, скршена карлица, повреден колк и извадена слезина, опоравувањето би можело да трае со години.

Лекарите стравуваат дека пејачот би можел засекогаш да остане инвалид. Дел од лекарскиот тим со кои медиумите зборовуваа, велат дека голема е веројатноста да пациентот има трајни последици, што практично значи одреден степен на инвалидитет.

Loading...