Подготвен да полета кон Базел во Швајцарија, македонскиот пејач Драган Величковски или попознат како Тајзи, доживеал драма пред полетување. Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија преку која покажа дека неговиот куфер експлодирал поради притисок на истиот, а експлозијата настанала поради дезедоранс.
Бидејќи веќе имал договорен настап, тој морал да си ги собере работите во кеса и да се качи на летот за да не го откаже настапот.
-Носев бомба во куфер, се пошегува Тајзи. Од притисок експлодирал, ми беше понудено да не се качам на авион и да спремам тужба, но имав договорен настап и не можев да не се појавам, открива Тајзи за порталот „Убавина и здравје“.
Сепак, на крај приказната завршила со реализирање на настапот, а Тајзи веруваме дома се вратил со нов швајцарски куфер.