Статусот на Панчо за својата прерано замината мајка сеуште се препрочитува

0

Познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо ги ранежни социјалните мрежи кога лани и го посвети овој статус на својата мајка_

Таа секогаш ќе ти недостига.

Независно колку долго време си знаела дека вашето последно „збогум“ наближува, никогаш нема да бидеш подготвена за него.

Таа ќе ти недостига.

Во обичните денови кога ништо не се случува, таа ќе ти недостига. И во деновите кога сакаш да започнеш од почеток и да се вратиш во времето кога таа беше тука, бидејќи таа е единственото нешто што ти треба.

Ќе ти недостига.

На свадбениот ден, кога ќе чекориш кон човекот кој те сака повеќе од животот, човекот кој ќе те бара само тебе меѓу гостите, ти ќе ја бараш единствено неа.

Ќе ти недостига.

Кога роденденските забави ќе поминат без нејзиното присуство, кога поканите за сите настани ќе бидат испратени без нејзиното име на списокот. Кога семејните прослави ќе ги вклучуваат сите освен неа. Кога божиќните подароци ќе се отворат, а единственото нешто што ти ќе го посакуваш за Божиќ нема да можеш да го имаш, зашто рајот не може да ти ја позајми ниту на еден ден.

Таа ќе ти недостига.

Кога ќе се менуваат годишните времиња, кога сонцето ќе изгрева и заоѓа, кога товар ќе ти тежи на грбот и кога радоста на животот ќе ти ја исполнува душата.

Таа ќе ти недостига.

Таа ќе ти недостига на милион големи начини и на милион мали начини.

Ќе ти недостига секојпат кога телефонот ќе заѕвони, мислејќи дека можеби ти се јавува таа.

Ќе ти недостига уште пред да издише за последен пати и во првата секунда откако засекогаш ќе го напушти овој живот.

Ќе ти недостига кога смеењето на син ти наликува на нејзиното или кога случаен минувач ќе помине покрај тебе, а ти барем за секунда ќе можеш да се заколнеш дека е таа.

Ќе ти недостига кога твоето малечко ќе те праша каде живее БАБА.

Од минутата кога таа ќе замине, без разлика колку време ќе помине, таа засекогаш ќе ти недостига.

Кога луѓето ќе ти велат да продолжиш со животот и да го надминеш тоа зашто поминало долго време, тие нема да разбираат дека таа ќе ти недостига.

Но, некаде помеѓу моментите кога ќе ти недостига, ќе се сетиш дека тоа што ти недостига не значи и дека си ја изгубила.

Тоа што ти недостига не значи дека ја нема повеќе.

Тоа што ти недостига не значи дека треба малку повеќе да се потрудиш да ја пронајдеш во секојдневните моменти, бидејќи таа е таму, таа отсекогаш била токму таму каде што си ти и тоа е нешто што ниту растојанието меѓу рајот и земјата не може да го промени.”

За сите мајки на небото

Претходна статијаНа денот на венчавката дознала дека ја изневерува, па му направила болна одмазда
Следна статијаДевојче на 11- годишна возраст се спасило од киднапер бидејќи му поставило едно прашање