Нов удар за Дарко Лазиќ, овој дечко навистина нема среќа

0

Вереницата на Дарко Лазиќ, Марина се откажа од борбата по сообраќајката на пејачот. Таа не можела да ги трпи притисокот и неизвесноста, па го оставила Дарко, јавуваат српските медиуми.

-Марина не може да се бори со тоа што се случи. Од една страна е Дарко животно загрозен, а од друга страна притисокот на јавноста и медиумите. Јасно е дека тој по сево ова може да остане инвалид со трајни последици.

Секојдневно слуша дека Дарко е зависник од дрога, дека нема да биде повеќе истиот. Сега ќе има вештачки колк и можеби нема да може да се движи, а веќе нема слезина и бубрег. Сите и зборуваат дека е млада и дека таков терет не и е потребен.

Таа знае дека Дарко ја сака, но знае и дека никако не може да му помогне, истакнува извор близок на Марина за српски медиуми. Таа веќе неколку дена воопшто не доаѓа на посета кај Дарко. Во целата борба која Дарко ја води изминативе три недели, уште овој удар, многу ќе му дојде.

Претходна статијаМинистерство за правда: Груевски ќе биде екстрадиран, имаме силен основ
Следна статијаВонредна временска: Циклонот Силвија ќе натрупа 30 сантиметри снег