Неколку денови пред несреќата Дарко Лазиќ спасувал живот на едно девојче

0

Мештаните од Брестач, родното место на Дарко Лазиќ, имаат само пофални зборови за пејачот. Тие велат дека недела дена пред да се случи несреќата, Лазиќ бил во акција да спасил живот на едно девојче.

Лазиќ е омилен меѓу луѓето со кои пораснал и со кој досега го минуваше поголемиот дел од слободното време. Конобарот кој работел на местото каде Дарко често имал настапи, вели дека пејачот недела дена пред да се случи несреќата, организирал настап за да собре пари и ги префрли на жиро сметка за лечење на Драгана Антиќ.

„Таа е негова комшивка. Има тумор на мозокот и замина во Франција на операција, од која и зависи животот. Дарко ги организираше и останатите негови пријатели и колеги да учествуваат во хуманата акција.

Се беше договорено. Дури ставивме и плакати кои висеа на вратите. И тогаш се случи ова. Тој нема да може да пее за Драгана, но затоа целата негова замисла ќе ја изведе Милош Бркиќ. Даре мислеше на се.

Тој едноставено е таков човек. Затоа не сакам кога луѓето го пљукаат“, вели конобарот од клубот каде пеел Дарко Лазиќ.

Претходна статијаИдната недела финансиски добра за овие хороскопски знаци
Следна статијаСпособните луѓе кои знаат да заработат ќе плаќаат 8 проценти повисок данок