Марија Андоновска до своите колешки: Дојдовте како падобранци од интерес, а ние чесните ве издржавме

0

(Фејсбук статус на Андоновска Марија, поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ)

“Искрено денес се изнасмеав од статусите по фб и уште се смеам. Тие партиски функционери биле, но ние не ги знаеме. Видете вака “дечки и девојки” во заминување…малку хронолошко ретро (со браќа и сестри вас не ве ословувам, зошто одметници не почитувам).

Кога се зачленив во ’97, не ве сретнав, ниту ве видов по штабови, активности. Не ве видов ни годините потоа. Не ве видов ни кога ги победивме сите на купче во 2006. Најпосле…

Почнавте ко печурки после победата да изникнувате, сами или “насадени” од некој.
Велам ајде добро е да се окрупнуваме, нека се зачленуваат, ќе бидеме помудри, посилни. Но, вие сте се зачлениле поради профит и личен интерес, кој денес преку вашите реакции јасно го гледаме. Добивавте бенефиции, на грбот на чесните членови, на кој некогаш тоа не им беше драго и негодуваа.

Но, и покрај се овие чесни членови ве издржаа. Ве издржавме и вас и “падобранците профитери”, издржавме низа неправди. Останавме лојални, посветени! Знаете зошто? Затоа што не водеше идејата! Штета што не можите да разберете за што зборувам! И знаете уште што?! Идејата не изумира! Ние пиреј сме!

Пак ќе ве победиме! И пак на купче сите! Најголем дел од претседателите на општински комитети и актуелното раководство, се мои браќа и сестри кои ги познавам неколку децении, растевме со ВМРО, затоа цврсто верувам во нив! Знам зошто почнавме! И знам дека никогаш нема да се откажеме! Ниту ќе не спречат, ниту ќе не поколебаат!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Претходна статијаПесимистичка прогноза за иднината на Дарко Лазиќ
Следна статијаМилошоски: Си поднесувам оставка на сите функции во ВМРО ДПМНЕ