Милошоски: Си поднесувам оставка на сите функции во ВМРО ДПМНЕ

0

Антонио Милошоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи напиша дека поднесува оставка на сите партиски функции.

Милошоски во моментов не извршува никаква партиска функција, па неговата порака во партиските кругови се коментира како исмевање на оние кои синхронизирано поднесуваат оставки на партиските функции.

Денеска, во опозициските кругови на шега се вели дека се чека следниот кој ќе си поднесе оставка, откако завчера, си замина претседателката на Унијата на жени на партијата, а вчера и претседателот на Унијата на млади сили.

Партиски извори брифираат дека воопшто не се изненадени што вниманието на јавноста се одвлекува со случувањата во дворот на опозицијата, додека истовремено, како што велат, во Македонија се случуваат процеси кои се на штета на интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ вчера вечерта на седница на Извршниот комитет на партијата го назначи Никола Мицевски за нов координатор на пратеничката група.

Претходна статијаМарија Андоновска до своите колешки: Дојдовте како падобранци од интерес, а ние чесните ве издржавме
Следна статијаОва биле првите зборови на Дарко Лазиќ кога се разбудил од кома – лекарите загрижени