Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ексклузивно за ТВ 21 вели дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.
„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.
Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“. Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.
Екс премиерот и екс Министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.