Се огласи и Катица Јанева по бегството на Никола Груевски: Вината ја префрли на…

0

Катица Јанева, Специјалната обвинителка беше гостинка на 1тв каде говореше за префрлањата на вината меѓу институциите по бегството на екс премиерот Никола Груевски. Вели дека се труделе да ја извршат својата задача професионално и СЈО побарало притвор во согласност со дотогашната и сегашна пракса за за високо коруптивни случаи.

-Тоа се случи на 12 февруари 2016 кога СЈО ја отвори првата истрага „Титаник“ за изборни нерегуларности. Основниот Скопје 1 ги одби нашето барање, поднесовме и жалба која исто така беше одбиена, немаше определено ни мерки. Со подигнувањето на обвиненијата, меѓу кои и „Титаник“ против Никола Груевски, на 30 јули 2017 исто така побаравме притвор против него, но Кривичниот совет определи само мерки за претпазливост, потсети Јанева.

За деншната изјава на министерот за внатрешни Спасовски кој ја префрли вината на судот и обвинителството, вели дека Груевски не давал никакви назнаки дека може да побегне.

-Обвинетиот Груевски против кого се водат четири постапки, до минатиот четврток беше присутен во Р. Македонија и воопшто не оддаваше дека нема да се јави на суд. Зошто ние би барале плус причина да биде ставен во притвор? Тој се однесуваше како слободен граѓанин, одеше на работа како пратеник во Собранието, се јавуваше на сите покани на рочиштата по разните предмети за кои беше обвинет. Затоа не сметавме дека нема потреба во овој момент да бараме построга мерка за обезбедување, изјави Јанева.

Како што додава, со оглед на тоа дека се зголемувал бројот на истрагите, сметале дека треба да се побара притвор и само СЈО го направило тоа, во време кога други не можеле ниту да му го спомнат името.

ИЗВОР: 1ТВ.мк

Претходна статијаГруевски ги пушти “соборците” по вода – Миле Јанакиевски со осуда за неговата постапка
Следна статијаДонесете ми ги документите тука да ги потпишам: Дарко Лазиќ би се развел од Ана уште во болница