Горан “Сакам да кажам”: Не е Груевски глуп, само е расипан и кукавица

0

Статус на Горан Михајловски, автор на колумната “Сакам да кажам”:

“Не е Груевски глупав. Само е расипан. И кукавица. Предлогот на Законот за амнестија за хашките случаи не го потпиша тој. Избега. За да го потпише тогашниот вицепремиер Васко Наумовски.

Признавањето на Косово не го потпиша тој. За да не му се налутат Србите, го намести тогашниот вицепремиер Ивица Боцевски да го потпише. Сѐ од други бараше да му ги завршат валканите работи.

Не беше само мерцедесот „со телевизорчиња за децата“. Тој и шамари нарачуваше. Динамит бараше „да не го тупиме многу“. Други дури и плацовите му ги шетаа на Водно. А тој ги купуваше за џабалак.”

Претходна статијаМиленко со нова ексклузива: Груевски повеќе не е во Унгарија – откри каде се наоѓа сега
Следна статијаКоцијанчиќ околу Груевски: Не коментираме судски случаи кои се во тек