Миленко со нова ексклузива: Груевски повеќе не е во Унгарија – откри каде се наоѓа сега

0

Познатиот македонски новинар, Миленко Неделковски утрово повторно на својот профил на „Фејсбук“ се огласи и сподели нова ексклузивна вест поврзана за Никола Груевски.

Никола Груевски, од пред еден час, веќе не е во Унгарија. На Евроазиско тло е, на безбедно.Локацијата позната на авторот на објавава. Да не биде дека некој друг прв открил – напиша Неделковски.

Миленко Неделковски (р. 6 јануари 1957 во Скопје) — македонски новинар и ТВ-водител. Професионалната кариера ја започнал во 1983 година, како спортски новинар во редакцијата на Радио Телевизија-Скопје.

Нешто подоцна се ангажирал како спортски коментатор во директните преноси на Формула 1, мото-спортови, велосипедизам и гимнастика. Учествувал во подготовка на преносите од Светските првенства во фудбал во 1990 и 1994 година, како и на ЛОИ 1992. Во 1990-тите бил организатор на неколку пријателски натпревари во фудбал од меѓународен карактер, а повремено и пишувал во весниците „Македонски Спорт“ и „Фокус“.

Претходна статија(ФОТО) Прекрасни глетки: Македонија се разбуди во бело – Крушево и Маврово прекриени од снег
Следна статијаГоран “Сакам да кажам”: Не е Груевски глуп, само е расипан и кукавица