Автомобилот на менаџерот кој ги организира коцертите во Скопје полеан со бензин и запален

0

Запалена колата на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на повеќето концерти кај нас. Непознати лица утрово во 3:50 часот му ја запалиле колата на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која ги организираше концертите на Анстасија, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ…

Кристијан за „Репортер“ потврди дека колата со бугарски таблички од марката „бе-ем-ве“ во задниот дел е скоро целосно изгорена, и рече дека веднаш пријавил во полиција:

“Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пуцкаше пластиката од колата. Потоа дојде и сосетката да ми каже дека колата гори. Возилото е запалено со бензин, но тој не знам кој и зошто го направил тоа. Не се сомневам во никого, никој претходно не ми се заканувал“, изјавил Кристијан.

Тој верува дека палењето на колата е поврзано со неговата работа и се надева дека полицијата ќе ги најде виновниците:

“Во близина на мојот дом има поставено камери, можеби преку нив ќе откријат кој ја полеа колата со бензин и ја запали. Јас не се плашам, но ова го потресе моето семејство“, додал Кристијан.

Извор: Булевар21

Претходна статијаСоседите од селото жестоко распалија по Дарко Лазиќ: „Глумеше тука некој шериф, како вистински мафијаш“!
Следна статија(ВИДЕО) Да се наежиш – Хор од Јордан ја пее „Македонско девојче“