АСНОМ заминува во историјата – потврдена одлуката дека се брише од Уставот

0

Министерката за правда, Рената Дескоска, потврди дека АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија, и дека во истата ќе се цитираат само одредени Одлуки, пишува Магазин.мк.

Дескоска претходно иако има востановено законска пракса, избегна да биде дел од поднесувачите во име на Владата на уставните измени.

Во преамбулата на Уставот ќе се конкретизираат актите на АСНОМ, рече министерката за правда, Рената Дескоска на конференција во Охрид за реформите во судството. Дескоска рече дека се правеле консултации за предлозите на пратениците кои ги поддржале уставните измени во Собранието.

-Во делот на преамбулата она што јас сум информирана. дека бил тек на разговори со Грција е практично конкретизирање на актите на АСНОМ, односно да не се подразбира Манифестот кој што значи повикување на национална борба во соседни држави и од тој аспект, беше воведувањето на македонскот народ за одлуките на АСНОМ. – рече министерката.

Претходна статијаПрекрасни вести за сите возачи – конечно малку среќа и за нив
Следна статијаМајка за својата ќеркичка: Престана да јаде, се буди по 20 пати, а сето тоа поради нејзиниот најдобар пријател