ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи Центарлен комитет. Од партијата јавуваат дека ќе зборуваат за политичките случувања и за тоа што се случи во петокот во собранието. Но, неофицијално се шпекулира можни две сценарија.
Според едни, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК. Наводно, Мијалков е тој кој ги убедил седуммината пратеници од партијата да гласаат ЗА уставните измени во петокот. Најмногу поради тоа што сакал да се спаси себеси и своите бизниси.
Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски, бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата и останал да биде раководен од Груевски, Мијалков и Мартин Протогер.
Што и да се случи, јасно е дека после овој ЦК ништо нема да биде исто. Дел од личностите засекогаш ќе бидат минато за ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде интересно да се види и по кој терк ќе продолжи да се движи самата партија.