Уапсени Будисти на Шар Планина, се шетале по сандали и одбиле да се сместат во хотел

0

Неколкумина странци кои неколку дена се на падините на Шар Планина завршија во Тетовскиот суд. Полицијата ги приведе поради непријавен престој за што добиле известување за казни од по 1000 денари.

Групата која е од луѓе од мешана националност и од разни држави стана актуелна откако полицијата крена аларм дека локален жител кој пријави пред неколку дена дека Украинка се изгубила на планината. Но според сознанијата на DOSIE.MK таа не била изгубена туку дел од група номади кои шетале и живееле по планини и полјанки.

Дошле од Албаниија но шетајќи по планините не пријавиле престој. Токму поради тоа судот наложил да пријават престој и платиле по 1000 денари судски трошоци. Во групата има и луѓе од Италија, Германија Укранина , Израел Тие го шетаат светот со инструменти со кои пеат песни и изведуваат верски обреди.

Првиот пат биле пронјдени во напуштена штала каде се засолниле оти на планината имаше големо невреме и минусни температури , а тие се облечени во лесна облека и сандали.

Полицијата тогаш им понудила да преспијат во хотел и тоа без никаков надоместок но будистите одбиле. Вториот пат се приведени поради непријавен престој и деновите во Македонија повеќе ги помнаа во полициска станица отколку на планина.

Една жена од групата по потекло о дгерманија веќе ги напуштила и си заминала. Неизвесно каде ќе пријават престој номадите кои живеат на различни непознати места кои немаат ниту адреси ниту се знае каде ќе ја поминат ноќта.

Претходна статијаМајка ми се мислеше дали да го роди, но јас и реков дека ќе се грижам за него
Следна статијаЈугославија во мало во Парис: Скопјанецот Зоран ги собира Србите, Хрватите, Македонците во своите локали