Мајка ми се мислеше дали да го роди, но јас и реков дека ќе се грижам за него

0

Шеснаесет години постариот брат на познатиот актер Милош Биковиќ, старешината на манастирот Јовања, игуменот Михаило Биковиќ се замонашил кога Милош имал само 6 години. Братот на Милош својот живот го подредил на Бога, но братската љубов меѓу него и 16 години помладиот брат е посилна од сè.

– Раѓањето на Милош го доживев како нешто свето и прв пат во животот ми стана јасно чувството како е кога родителите се подготвени да го дадат и животот за своето дете. Со раѓањето на Милош во мене се роди потребата да го заштитам тоа мало суштество-рекол Михајло и открил дека тие двајцата имаат посебен однос.

Кога нашата мајка имаше дилема дали да го роди, јас и реков: Секако, бидејќи додека е мал јас ќе го штитам него, а кога тој ќе порасне, а јас ќе бидам постар, тој ќе ме штити мене. Нашиот однос е таков. Милош има чувство за правда, со развиен заштитнички став- раскажал игуменот.

Претходна статијаКостадинов: Не се само осумте исклучени, се консултираме и со актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени
Следна статијаУапсени Будисти на Шар Планина, се шетале по сандали и одбиле да се сместат во хотел