Црвен аларм во Шкотска: Избега црн пантер, полицијата го бара и со хиликоптери

0

Шкотската полиција ги предупреди жителите на селата Дрпган и Колхал во источен Ејшир да бидат претпазливи бидејќи во таа област слободно се движи црн пантер, кој, најверојатно, е повреден.

Според британските медиуми, пантерот бил забележан во поле во близина на патот B730, а жителите се советуваат да бидат внимателни додека полицијата не ја пронајде големата мачка.

„Скај њуз“ известува дека експерти за диви животни се повикани да помогнат, а во потрагата е вклучен и хеликоптер.

Полицијата почнала пребарување по дојава дека во областа е забележано животно што личи на црн пантер.

Тимот за спасување животни од организацијата СПЦА соопшти дека тие ја информирале полицијата оти немаат опрема за такви животни и поради тоа не би биле корисни во потрагата.

Областа каде што бил забележан пантерот е популарна пешачка зона, а има и училишта во близина.

Весникот „Индипендент“ пишува дека пантерот бил забележан првпат околу 9 часот наутро и дека шкотската полиција оттогаш добила голем број повици во врска со случајот.

Претходна статијаСтрашна сообраќајка на патот Охрид – Кичево, еден не издржа, четворица се сериозно повредени
Следна статијаВардар – Шкендија, меч од висок ризик – доколку одите на трибини, треба да го знаете ова