Изминатиот викенд несреќите на јавните личности од соседна Србија доминираат од вестите во регионот.
Покрај страшната сообраќајка на пејачот Дарко Лазиќ, јавноста беше непријатно изненадена и од мозочниот удар кој го доживеа познатиот српски режисер Дејан Миличевиќ од кој за среќа сега е добро и закрепнува.
Тој на својот Инстаграм профил објави дека му е благодарен на Бога што го преживеал.
Фала му на Господ добро е. Ќе го преживеам ова и ќе бидам уште појјак. Вчерашниот ден беше кобен за многумина. Му благодарам на тимот за мозочни удари во болницата „Свети Сава“ за брзата интервенција и деталната анализа и посветеност.
Им благодарам на докторите, на моите сестри и брат ми кои престојот тука ми го прават сјаен. (За оној кој го пратил овој енергетски удар на мене, следи бумеранг), напиша Дејан.
Откако откри што му се случило следеа стотици коментари со поддршка за побрзо закрепнување, а освен голем број познати личности од Србија, својата поддршка му ја дадоа и нашите пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева.
Тамара му напиша: „Ќе бидеш ти добро, држи се друже стари“, а пак Каролина му остави срценце.
Инаку, состојбата на познатиот режисер моментално е стабилна.
Извор: Вистина