(ВИДЕО) Срби беа присутни на „Енфилд“ и често му испраќаа сочни пораки на Шаќири

0

Синоќа се одигра дуелот помеѓу Ливерпул и Црвена Звезда на „Енфилд“ каде домаќинот без проблеми дојде до рутинска победа во рамките од групната фаза на Лигата на Шампионите.

Сепак, медиумите не може да останат имуни на она што се случуваше на трибините, односно во секторот за гостински играчи, каде „Делије“ и останатите поддржувачи на српскиот тим упатија навреди кон Шаќири.

Шаќири доби шанса од првата минута против Звезда, а поради случувањата на Мундијалот тој беше во центарот на вниманието на српските медиуми кои се обидуваа да дојдат до изјава. Српските новинари му испратија и мала провокација.

„Може ли изјава за твоите домашни медиуми, српските медиуми“, го запрашаа новинарите Шаќири кој немаше никаква реакција и само помина покрај нив, а неколку метри подоле застана и даде изјава за британските медиуми.

Претходна статијаТамара Тодевска и Каролина со емотивни пораки до Дејан Миличевиќ
Следна статијаТалат Џафери објасни дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од комисијата за помирување