Српските медиуми ја објавуваат најновата состојба на Дарко Лазиќ

0

Српскиот пејач Дарко Лазиќ вчера беше тешко повреден во сообраќајна несреќа. Тој и понатаму е во тешка состојба.

Како што јавуваат српските медиуми, докторите вчера попладне успеале да ги стабилизираат неговите витални функции и да ја санираат повредата на бутната коска.

Сепак, докторите не се впуштаат во никакви прогнози поради повредите кои Лазиќ ги има на белите дробови.

Дел од медиумите, пренесоа дека на Лазиќ претходно му е одземена возачката дозвола поради прекршок, а пејачот вчера го управувал својот автомобил без потребните документи.

Претходна статијаАрсим Зеколи: Мицкоски ја растури белградската агентура
Следна статија(ФОТО) Мицкоски не се откажува од Твитер, упати јасна порака до злонамерните