Случајност или порака: Обвинетиот Кољо во судницата го носи истиот елек како и на 27 април во Собранието

0

Со прикажување на снимката од атмосферата во Собранието пред изборот на Талат Џафери за претседател, почна емитувањето на видеодоказите на судењето за организираниот напад на 27 април лани, пишува СДК.мк

Обвинителката Ивана Трајчева наведе сегменти од говорот на Илија Димовски, кои се совпаѓаат, како што рече, со говорот надвор пред толпата, на Богдан Илиевски – Бетмен и Борис Дамовски, двајца од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Потоа следуваше снимка како обвинетиот пратеник Крсто Мукоски пее „Едно име имаме“, а потоа и државната химна. Следуваше и пеењето на албанската химна од пратеникот на Беса Зекирија Ибрахими, а тогашниот претседавач Трајко Вељаноски сето тоа го дозволува.

За тоа време толпата се собира на улица, а насилниците се во ресторанот „Дион“ на кејот на Вардар, каде го подготвуваат нападот. Се гледа како еден по еден, крупни машки лица се собираат на терасата на ресторанот.

Обвинителката на една од снимките го посочи обвинетиот Никола Митревски – Кољо.

„Лицето со сиво шарено елече без ракави е обвинетиот Никола Митревски – Кољо. Истото елече го носи и денес во судница“, рече обвинителката Трајчева.

Кога се виде на снимката со истото елече, обвинетиот Кољо се смееше од обвинителското столче.

Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Захарие Симовски, Илија Славески, Стефан Младеновски, Влатко Трајковски… доаѓаат еден по еден во „Дион“, 40-тина минути пред нападот во Собранието. Доаѓа и обвинетиот Игор Југ во група од 5 лица.

Целата вест прочитајте ја на СДК.мк

Претходна статијаМинистерот за внатрешни работи внимателен: Кон сите пратеници има реални и директни закани
Следна статијаДевојки, жени, мајки: неопходни се редовни прегледи – расте бројот на заболени од рак на дојка