Синот на Цеца, Вељко, откри како ќе му се вика синот

Вељко Ражнатовиќ ги потврди пишувањата на медиумите дека следната година ќе стапи во брак со својата свршеница Богдана Родиќ.

Во интервју за „Телегрaф“, Вељко прозбори за медениот месец и истакна дека ќе одат таму каде што ќе каже сорпугата. На прашањето дали размислувал за принова, синот на Цеца одговори:

„Не треба да се чека.Можеби сега е рано, но во блиска иднина можно е. Но, јас би сакал да се реализирам пред да ми случи такво нешто“, вели Вељко.

Тој откри дека би сакал да има син и да се вика Жељко, како неговиот починат татко.