Што му прави најголем кеиф на Здравко Чолиќ (ВИДЕО)

0

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писаќу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ.

Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки. Денес Здравко Чолиќ, по паузата за време на војните во регионов, повторно ја потсетува неговата публика на старите хитови, а создава и нови. Настапува по цела година и насекаде: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, САД, Канада…

Еден од неговите најголеми концерти беше во 2007 на стадионот Маракана во Белград каде собра неколку десетици илјади публика, а концертот го заврши со песната „Пјесмо моја“ и спектакуларен огномет над Белград. (извор Википедиа)

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ неодамна оддржа тричасовен мега концерт во како дел од годинешната “Питијада” во Велес. Чолиќ изрази задоволство што по 24 години повторно е во Велес, а концертот според него, бил одлична можност да се оддолжи на поголем дел од фановите на неговите песни.

“Најубаво нешто е кога на свој концерт ќе видите млада публика, различни генерации… За тоа и вредеше што напорно работам сите овие години. Вие може да снимате песни, но ако не ве следи нова генерација, вам ќе ви биде тешко и да имате публика. Новата генерација секогаш ги влече и постарите кои некогаш порано ве слушале, а сега повторно доаѓаат на концерт”, рече Чолиќ.

Претходна статија(ВИДЕО) Влатко Алексовски ја прекрсти “Шушана” во Сузана, отиде во Маврово и сними спот со една од најубавите мисици
Следна статијаИако сум седми месец и носам близначиња, скоро секој ден добивам ќутек од сопругот