(ВИДЕО) Влатко Алексовски ја прекрсти “Шушана” во Сузана, отиде во Маврово и сними спот со една од најубавите мисици

0

Пред една недела фолк пејачот Влатко Алексовски сними спот на песната “Сузана” во продукција на ИН Продукција. Спотот се снимаше во Маврово, а специјална гостинка на спотот е поранешната мисица на Македонија 2013, познатиот модел Тина Спасеноска.

Инаку, песната “Сузана” е верзија на големиот хит “Шушана” која всушност е стара Еврејска песна, а сега и во македонска верзија како “Сузана”. Новиот спот на Влатко е вистински летен хит, а на тоа укажува големата посетеност на социјалните мрежи за многу кратко време, песната е на топ листи на многу радиостаници.

Влатко најавува нов албум до крајот на месец август, веќе се снимени 4 песни, а главен продуцент на истиот е професор Игор Трајковски од Куманово, во чие студио “Тримеј” и се снима новиот албум на Влатко. До крајот на месец мај ќе биде снимен уште еден спот, но за овој проект Влатко не открива детали, бидејки како што вели, сака пријатно да ја изненади публиката.

Претходна статијаФросина Ѓорѓиовска: Сакам да прашам, дали овие со БГ пасоши и со двојни државјанства имаат исти права како мене
Следна статијаШто му прави најголем кеиф на Здравко Чолиќ (ВИДЕО)