Се запали култната кафеана “Старо Буре” во Лептокарија (ФОТО)

0

Попладнево во трговскиот центар Лептокарија, избувна пожар во еден од најстарите и најреномирани ресторани “старо Буре”.

Првичните стравувања биле дека е запалена инсталација и дека може да дојде до поголемо опожарување на локалот, но по увидот од страна на персоналот, било установено дека гори оџакот.

Брзата реакција на сопствениците, персоналот, како екипа од противпожарната бригада, со апарати за гаснење пожар, спречиле поголема хаварија, а пожарот за кратко време бил локализиран.

Галама дознава дека сопствениците на ресторанот имаат уредна документација за редовен преглед на оџаците од овластен сервисер, но и покрај тоа, дошло до немилиот настан.

За среќа, “Старо Буре” продолжува со работа, на задоволство на многубројните гости кои секојдневно уживаат во специјалитетите на овој ресторан, еден од најстарите во Скопје.

Петар П.

Претходна статијаШабан Шаулиќ: Саша Поповиќ ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг
Следна статијаНејзина малечка копија – ќеркичката на Александра Накова (ФОТО)