Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој гласаше „ЗА“ уставни промени добил тендери од Заев во висина од 10 милиони

0

Семејната компанија на пратеникот Крсто Мукоски остварила огромни приходи од државни тендери за време на актуелната власт, покажуваат документите до кои стигна „Економски Лидер“, преку вкрстени проверки во Бирото за Јавни Набавки, УЈП и Централниот Регистар.

Додека Мукоски беше во притвор за настаните од 27 април, документите говорат дека семејната компанија на пратеникот, прилично добро соработувала со власта и добила три солени тендери од кои последниот е пред помалку од еден месец. Главните локации за бизнис им биле Струмица и Град Скопје.

Фирмата „АЛТУМ ДОО Вевчани“ која е во сопственост на фамилијата на пратеникот, вкупно за време на владеењето на Зоран Заев и СДСМ, од државни институции добила нешто над 10 милиони денари, односно 165.729 евра. Последните државни пари ги добиле пред помалку од еден месец, од Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, од каде примиле над 100.000 евра.

„АЛТУМ ДОО Вевчани“ е градежна компанија, која е основана во 2008 од пратеникот Крсто Мукоски кој гласаше „За“ уставни измени со цел промена на уставното име. Историјатот во Централниот регистар, покажува дека во 2014, кога станал пратеник, Крсто Мукоски ја препуштил компанијата на неговиот татко Милан Мукоски кој е сопственик и неговиот брат Бобан Мукоски, кој е управител.

Солен тендер на само три дена пред референдумот! “Кеширал“ и Петре Шилегов!

Додека Македонската јавност влегуваше во финишот на кампањата за референдумот, на 26 септември, компанијата на Мукоски добила тендер од Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион – Струмица во вредност од нешто над 7 милиони денари (115.000 евра). Овој тендер е за работење на изградба на прифатилиштeаза бездомни кучиња во Струмица и Гевгелија, од страна на компанијата на Мукоски.

Претходно, Мукоски заработиле и 2.256.207 денари (36.000 евра) од Град Скопје, за реконструкција и изработка на еко-фасади во Град Скопје. Потписници на овој договор се градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од една страна и Бобан Мукоски, брат на пратеникот Крсто Мукоски.

Целата вест прочитајте ја на ЛИДЕР.

Претходна статијаСилна порака од поранешниот потпретседател на СДСМ: Дождовите над Македонија
Следна статијаДа не ги видам повеќе – мојот сопруг и сестра ми биле во врска